Санацијата на дефектот кој предизвика пропаѓање на дел од коловозот на крстосницата кај марекетот „Макси Д“, ќе потрае извесен период. Надлежните служби од Ј.П. „Нискоградба“ ќе мора да преземат пообемна акција за замена на оштетените цевки од канализациониот систем, кои буквално се преполовени.


На фотографиите во прилог се гледа како една цевка преполовила друга цевка, а тампонот речиси и да не постои. Поради тоа дошло до отворање на големата дупка, во која според надлежните можело да пропадне цело возило, па дури и автобус. За среќа никој не е повреден, но се стравува дека слични проблеми можат да се јават и на други места, бидејќи било утврдено дека дождовната канализација која била изградена пред повеќе од десет години, била нестручно изведена.

OhridNews
фото:Дим Дон