Казанот во кој се приготвуваше рибината чорба на манифестацијата Денот на рибарите, во текот на вчерашниот ден беше исчистен и однесен во просториите на компанијата „Дасс инженеринг“.

Градот со овој казан, постави нов Гинисов рекорд подготвувајќи околу 3 300 килограми рибина чорба.

За наредната година, на охриѓани ќе им биде потребен поголем сад, бидејќи од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ најавуваат подготовка на 5 тони рибина чорба.

О.Т.