Дел од легендардната генерација на Манчестер Јунајтед состевена од Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Пол Сколс, Гери и Фил Невил и Ники Бат или попозната уште како „класа 92“ ќе има задача да го враќа стариот сјај на „црвените ѓаволи“.

По заминувањето на Сер Алекс Фергусон, сезонава тимот од Олд Трафорд минува низ најтешките мигови во својата историја.
Досегашниот манеџер Дејвид Мојс неславно замина од екипата, а палката од клупата можеби замина во најсигурни раце, и тоа во „класата 92“ кои се „деца“ стариот лисец Фергусон.
Мх.П.











