Покрај  украсите, новогодишната елка и лизгалиштето на мраз, неизоставен дел од охридската чаршија се и тезгите за продажба на забавни реквизити и украси, кои и оваа година традиционално продаваа коледарски чеканчиња наменети за најмладите.

Инаку, Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос според христијанската традиција.

Уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос.

OhridNews