„Реки“ автомобили утрово се упатија кон плажите на охридската ривиера. Сообраќајот на бул. „Туристичка“ во периодот од 11 до 13 часот се одвиваше отежнато. На крстосниците регулација вршеше сообраќајната полиција, но поради долгите колони движењето се одвиваше забавено и со застои. Слична ситуација се очекува и во доцните попладневни часови кога посетителите ќе се враќаат од плажа.

Според слободни проценки викендов во Охрид престојуваат повеќе од 20.000 гости.

OhridNews