Вчера попладне на магистралниот пат М5 кој води за Охрид се случила сообраќајна незгода во која учестувале две возила, јавува битолската телевизија Тера.

Се работи за комбе, кое од засега неутврдени причини удрило во камион со приколка, по што излетало од патот и се превртило.

Како што јавуваат медиумите, нема повредени лица, а причинета е материјална штета.

OhridNews