Охрид деновиве ќе биде центар на политичките збиднувања на Балканот. Поради најавените настани, се преземаат низа безбедноси мерки. Отстранети се сите возила од коловозот на бул.„Туристичка“, а контејнерите од тротоарите се поместени далеку од сообраќајницата.
Исто така СВР Охрид поставува писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде делегациите ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На булеварот, како и на неколку други сообракајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Полициските службеници ќе спроведуваат и други законски овластувања како дел од предвидените безбедносни мерки, информираат од СВР Охрид.