Новото корито на реката Грашница, кое неодамна беше изградено  и пуштено во употреба, не може во целост да ја покаже својата функционалност и убавина затоа што по кејот на  реката и во нејзината непосредна околина,  сеуште има остатоци од градежните материјали, со кои се одвивале активностите за поплочување на коритото.



Во делот на речното крајбрежје од потегот на населбата Воска до булеварот Туристичка, нашиот фотоапарат регистрираше расфрлани остатоци од камења, купишта ѓубре и друг смет.


Граѓаните кои живеат во околните куќи коментираат дека не е нивна обврска да го уредуваат овој простор и побараа од надлежните што поскоро да го решат проблемот.

OhridNews