До нашата редакција пристигна допис од граѓани кои реагираат дека без претходна најава пајак службата денеска почнала да крева возила од паркингот кај музичкото училиште „Методи Патче“.

Како што стои во дописот, возилата се отстранувале од паркингот заради изведување на градежни работи. Граѓаните се револтирани бидејќи за тоа никој официјално не ги известил. Единствено на картон со лош ракопис било испишано соопштение – предупредување до возачите да не паркираат на овој простор бидејќи ќе се работи, но на него е наведен датум 29.09, а денеска е 28.09., велат револтираните граѓани.

Засега од надлежните институции нема информација какви градежни работи се изведуваат кај музичкото училиште и дали активностите на пајак службата се поврзани со нив, или се работи за нешто друго.

OhridNews