Во Охрид од време на време јавното комунално претпријатие организира акции за подигање на кабаст отпад, а една таква ќе се одржи и викендов. Но, за жал тоа не ги менува лошите навики на одредени граѓани кои продолжуваат да ја загадуваат животната средина одлагајќи го вишокот работи од домовите во природа. Деновиве покрај локалниот пат за Рамне несовесен граѓанин „истурил“ кревет, а ваква глетка, за жал, може да ве затекне и на други места на планината Галичица, која е еден од главните туристички адути на Охрид.












