Фото: Култното шоу „Импровокација“ го прослави десеттиот роденден
11.02.26 14:27
Култното шоу „ИМПРОВОКАЦИЈА“ вчеравечер во присутво на бројна публика со исполнетост до последно место на малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев” го прослави десеттиот роденден.
Актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, како главни протагонисти на шоуто, заедно со Никола Јосифоски како музички соработник и Филип Ангеличин – Жура како организатор, приредија уште едно пеколно шоу во кое публиката непрестајно уживаше и се смееше.
„Шоуто“ прослави 10 години постоење — деценија исполнета со спонтана креативност, директна комуникација со публиката и театар што се раѓа тука и веднаш исчезнува – но се памети долго.
Она што го прави истото посебно е фактот што публиката не е набљудувач, туку активен соиграч. Предлозите, зборовите, ситуациите и ликовите често доаѓаат директно од гледалиштето.
Секоја вечер е нов предизвик, нова приказна и нова можност за неочекуван пресврт. Импровизацијата тука не е само техника – таа е договор за доверба меѓу сцената и салата, меѓу условното и реалното.
Во изминатите години, „ИМПРОВОКАЦИЈА“ не настапуваше само на матичната сцена во Охрид, туку и во повеќе градови низ Македонија, градејќи верна публика која доаѓа повторно – токму затоа што знае дека нема „реприза“. Секоја изведба е премиера.
Десетгодишнината не е само бројка – таа е доказ за континуитет во еден од најнепредвидливите театарски формати.
Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, во периодот од 24 јули до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхум...
На 23072026 во 03:40 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 38-годишно лице од Охрид кој претходно, пред казино на улицата „Димитар Влахов“ го нарушил ...
Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66„Охридско лето“ Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под ди...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.