Ако прошетате до Заум каде се наоѓа исклучително вредната црква Св. Богородица, ќе затекнете непријатна слика. Околината е несредена, запуштена, а отпад е рафрлан на сите страни. Граѓани кои викендов го посетиле Заум, велат дека непријатно ги изненадилa глетката, на која не очекувале дека ќе наидат на ова свето место.
-Наоколу и по самата плажа насобран е најразличен отпад. Се прашувам само што ли ќе се случеше ова да го видеа гости од Холандија или други, како ли само ќе им го објасниме овој срам?-вели загрижен граѓанин, кој посочува дека во слична, лоша состојба се и многу други сакрални објекти.
Разочараните граѓани велат дека надлежната епархија, но и Заводот и Музеј, како и локалните мештани треба да водат поголема грижа за културното наследство кое се уништува пред нашите очи.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com