Дваесеттина метални колички за рачен транспорт се фрлени на куп во комплексот „Плаошник“, во непосредна близина на шумската патека, што води кон црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид.

Овие колички најверојатно се користеле при изведување на ископите и градежните работи на оваа локација, но не е познато зошто сеуште не се отстранети од ова место, иако е очигледна нивната нефункционалност.

Охриѓани коментираат дека иако во моментов се изведуваат градежните зафати за изградба на „Светиклиментовиот универзитет“ на „Плаошник“, околината на овој значааен културно-историски локалитет мора беспрекорно да се одржува, бидејќи тука секојдневно минуваат голем број туристи.

OhridNews