Искусниот стратег Наум Љамчевски г засили Охрид 2004, и до крајот на сезоната ќе биде советник во охридскиот прволигаш. Битолчанецот заедно со досегашниот тренер Миле Цветковски ќе имаат задача да го обезбедат опстанокот за “рибарите“ во прволигашкото друштво.


За охриѓани наредните натпревари се клучни, во 28-та “рибарите“ гостуваат ка директниот конкурент за опстанок екипата на Тетекс. Потоа на домашен терен го пречекуваат Хоризонт Турново, а во 30-та патуваат кај фенерџијата 11 Октомври.

Мх.П.