Димоски во минатото бил најмлад шахист кој освоил втора категорија, потоа најмлад шахист кој освоил прва категорија, потоа најмлад мајсторски кандидат и најмлад национален мајстор. Поранешен член на Македонската шаховска репрезентација, освојувач на бројни домашни и странски награди.
Охридскиот клуб го искористи реномето на Димоски да го афирмира шахот во Охрид. Натпреварувањето почна на 16 табли, на 7 табли играа нашите гости од ШШ Струга на преостанатите 9 табли играа членовите на Ласкер.
АД Алкалоид Скопје за секој учесник на симултанката имаше мала награда од палетата на своите производи.