Литија со светите мошти од Свети Георгииј и чудотворна икона посветена на него, во празнична атмосфера на трет ден Велигден мина низ улиците на Струга.



Станува збор за древна струшка духовна традиција, која пред неколку години беше обновена.


На настанот присуствуваа голем број верници, монасите од Бигорскиот манастир, монахињите од манастирот Рајчица, како и познати личности од јавниот и спортскиот живот.



На церемонијата и претходеше богослужба во црквата „Св. Георгиј“ во Струга со која чиночалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

OhridNews
фото:„Мега продукција“