Со хуманитарен хепенинг што се одржа синоќа во барот „Kуба Либре“, Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид го одбележа осмиот роденден.
фото: Емил Јовановиќ
На свеченоста присуствуваа голем број гости, хуманитарци и пријатели на клубот.
-ЛК Лихнидос изминатата година реализираше 20 хуманитарни акции помагајќи во рамки на можностите на луѓето на кои помошта им е неопходна. Покрај ова клубот реализира повеќе препознатливи акции од интерес на пошироката заедница како што е донацијата од 600 флуоресцентни елечиња за охридските основци, поставувањето на спомен обележјето на Михајло Пупин и стариот кочеџик, осветлувањето на црквата Св. Богородица Перивлепта и поставувањето на потсетник по повод 100 годишнината од првата ел. светилка во градот. – истакна Зоран Тунтев, еден од сновачите на ЛК Лихнидос.
Роденденот на ЛК Лихнидос им го честиташе гувернерот на Дистрихт 132 Македонија Слободан Вукичевиќ. Тој истакна дека ЛК Лихнидос е секогаш оригинален и инвентивен, а бројните хуманитарни акции кои ги реализира претставуваат вистински пример за останатите.
Присутните на роденденската забава на ЛК Лихнидос ги поздрави и Србољуб Алексиќ, директор на Зоолошката градина од Белград и почесен член на клубот. Со негова помош во манастирот Св. Наум денеска повторно ги има белите пауни.
На хуманитарната забава настапи “The Evergrin trio”, а собраните средства од настанот ќе бидат донирани на Здружението на слепи од Охрид.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ
Обновено + фото: Откриен потсетник по повод 100 години од првата електрична светилка во Охрид





































