Веројатно насловов звучи познато, но тоа е најблагата дефиниција на нашиот однос кон животната средина и природните убавини на кои се гордееме. Тоа се истите оние убавини кои сакаме да им ги презентираме на туристите, но за жал ако не се преземе нешто пред да ги видат последиците од нашите лоши навики, ризикуваме наместо со импресии тие од земјава да си заминат со негативен впечаток, што е најлоша можна антикампања за нашиот туризам.


Фотографиите кои ги гледате се направени неодамна во близина на Фракнкофонската патека на Галичица, каде често се изведуваат рекреативни тури. Несовесни граѓани тука исфрлиле покуќнина, иако на само два километри од Охрид постои депонија за одлагање ваков смет, а згора на тоа јавното комунално претпријатие редовно спроведува акција за подигање кабаст отпад.


Очигледно е дека еколошката свест кај дел од граѓаните е на многу ниско ниво, но општеството мора да изнајде начин да се справи со овој горлив проблем, а надлежните институции да ги санираат дивите депонии во туристичко – рекреативните зони.

OhridNews