Десетина илјади граѓани и гости ја дочекаа Новата 2012 година на градскиот плоштад во Охрид пеејќи ги популарните рефрени на Ѓоко Танески, Влатко Илиевски и другите музички уметници. Забавата кулминираше на полноќ со голем огномет, по што поздравно обраќање имаше градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој на присутните им посака многу здравје и успех во Новата година. Весело и разиграно беше и во кафулињата и хотелите каде гостите и охриѓани се забавуваа до раните утрински часови.


Луда забава во Охрид за дочекот на Нова година

OhridNews