Одбележувањето на големи настани, свечености, јубилеи….како што беше синоќа на роденденската забава на OhridNews, неможат да се замислат без професионален ангажман на специјализирани фирми за организација, декор и кетеринг.


Познатиот охридски ресторан „Дамар“ е специјализиран за подготовка и аранжирање на храна за свечености, а тоа го прави совршено.


Мајстори на својот занает – ресторан Дамар

Убав амбиент без добра декорација не оди. А вистински уметници во декорирање и оплеменување на просторот се професионалците од фирмата за организација и декор Impact group. Нивните топли креации и инвентивни идеи не оставаат рамнодушен никого.


Вистински уметници – Impact group

Големи настани бараат и техничка поддршка. Mega продукција и Labino sound ја претворија галеријата на Центарот за култура во мини тв студио.


Организацијата на 5от роденден на OhridNews несебично ја помогнаа уште и дисконтот „Алпојо“, ланч барот „Објектиф“, кафе барот „Ликвид“ и „Куба либре“, како и многу други професионалци со кои успешно соработува OhridNews. На сите нив срдечно им благодариме.

OhridNews