Пластични и стаклени шишиња, лименки, хартиени и најлонски кеси, кабаст отпад од домаќинства и различни купишта ѓубре од гранки, сува трева и градежни матријали, се дел од  неколкуте мали депонии, кои се лоцирани во стариот дел на Охрид.


Оваа града слика е најлоша во непосредна близина на скалите кои водат од Долни Сарај до куќата на Григор Прличев, но состојбата не е значително подобра и по уличките и патеките  кои ги поврзуваат  црквите Свети Јован Канео и Плаошник. Големи количини на расфрлано ѓубре има и на улицата која води кон Сaмоиловата тврдина.


Малите депонии, кои најверојатно се должат на “еколошката свест” на граѓаните кои живеат  во нивна непосредна близина, оставаат лоша слика врз гостите и туристите кои најчесто го посетуваат стариот дел на градот. Во име на туристичкиот имиџ на Охрид, до надлежните за јавна чистота упатуваме апел во најскоро време  да организираат една поголема акција за чистење на овие  јавни површини.

OhridNews