Со настап на ансамблот „Билјана“, синоќа, во Трпејца започне второто издание на културно забавното лето „На зајдисонце“. На отворањето присуствуваа претставници на локалната самоуправа, познати личности, културни работници и бројни посетители.
Освен настапот на ансамблот „Билјана“ кој го промовирапе своето прво ЦД, присутните имаа можност да ја видат и изложбата на Мајкл Клос, академски сликар, дизајнер и филмски сценарист од македонско потекло кој живее и работи во Канада.
Посетителите на манифестацијата денеска имаа можност да видат изложбата на риболовен алат и натпревар во фаќање риба на јадица. Составен дел на манифестацијата е и школата по пливање која ќе се одржува секојдневно до 28 јули, како и школата по шах.
Вечерта на „Трпејца на зајдисонце“, ќе биде заокружена со променада со кајче по езерото и мини концерт кај Бунарот, со настап на ученици од ОМУ „Методи Патче.
Организатор на манифестацијата е сдружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, покровител е општина Охрид, а поддршка дава и Месната заедница од с. Трпејца.
фото: Дим Дон