Реки народ во текот на целиот ден, вчера, се сливаа кон малата пештерска црква на влезот од градот, посветена на Свети Еразмо Охридски. Кон овој светец охриѓани негуваат посебен култ. Св. Еразмо се смета за заштитник на возачите, а верниците во храмот посветен на него се молат и оставаат дарови за здравје.
Овој светец од Бога даруван со чудотворна моќ е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелието па така стигнал и во Охрид.
Панаѓурот и оваа година беше неодминлив декор на празникот