Матурските вечери полека – полека завршуваат. Возбудливо, трогателно, необично , несекојдневно…Остануваат спомените  и фотографиите да зборуваат за големите гозби, за масовните визити, за скапите матурски костими, за светските манири  од “виенска школа”, за масовните испраќања и секако, за незаборавните  лудории….

Илустрираме со неколку фотографии од кои секако  ги издвојуваме оние за богатите софри и оние во кои матурантите сериозни  и зрели  вечерта со мерцедес  и со букет цвеќе заминуваат на забавата, а  утредента, рано,  весело расположени со трактор се  враќаат  кон Охрид и кон   дворот на  гимназијата.


Матуранти во мерцедес, матуранти на трактор


OhridNews
фото Дим Дон