Формула 1 екипата, Мекларен Мерцедес, го претстави болидот со кој ќе се натпреварува во сезоната 2013. Челниците на екипата во Вокинг го претставија пред јавноста новиот модел на ’сребрената стрела’ кој ја носи ознаката „MP4-28“.

Мекларен титулите кај возачите и во конкуренција на конструктори во
сезоната 2013 ќе ги напаѓа со Џенсон Батон и Серхио Перез, кој дојде на
местото на Луис Хамилтон, кој се пресели во Мерцедес.

Новото првенство во Формула 1 ќе стартува на 17. март со трката за
Големата награда на Австралија, која ќе се вози на Алберт парк.

“Макфакс“