Првите ѕвезди на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез утеха за изгубената титула во шпанската Ла лига најдоа во заедничкиот одмор со поубавите половини Антонела Рокуцо односно Софија Балби на Ибица.

Погледите на луксузната јахта ги собраа Рокуцо и Балби, кои во бикини ги покажаа своите извајани тела. Меси и Суарез имаат недела дена да ги наполнат батерии бидејќи на почетокот од август месец ќе ги започнат подготовките за новата сезона и завршницата од Лигата на Шампиони.

Барселона во градот Лисабон кој ќе биде домаќин на завршницата од ЛШ силите ќе ги одмери со Наполи. Мечевите се играат од 12 до 23 август.

OhridNews