Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси му испрати дрес на Германскиот ас Герд Милер откако му го собори рекордот на голови постигнати во една година. Меси постигна шест голови повеќе од Милер кој беше прецизен 86 пати пред 40 години.


Аргентинецот на дресот од Барселона на кој стоеше неговото име напиша – Со почит за Герд Милер. Меси на гала церемонијата на ФИФА беше крунисан за најдобар фудбалер на светот по рекорден четврти пат.

Мх.П.