Металните капаци од електрични светилки повторно се мета на охридските крадци. Ваква глетка може да се забележи низ повеќе градски улици, кои се доста фрекфентни во текот  на денот.

Таков е случајот и на улицата „Марко Цепенков“, каде несовесни поединци и натаму ги оштетуваат јавните добра.

Граѓаните апелираат до надлежните институции соодветно да реагираат, со надеж дека во периодот кој претстои, службите ќе ги откријат сторителите на овие вандалски чинови.

О.Т.