Екипата на Металург засилена со Јанко Боживиќ ќе настапи на завршниот турнир од Купот на Македонија кој се одржува во Охрид.
Десниот бек со австриско државјанство ќе биде од големо значање за составот на Металург во полуфиналето со Вардар Јуниор, а после евентуална победа и за финалниот меч кој е на програмата в сабота во 17:30 часот.
Тој и до сега беше дел од тимот на Металург, но првиот настап во пролетната полусезона ќе го забележи во 1/2 финалето од Купот на Македонија.
OhridNews