На повеќе од една недела пред финалето во Лигата на Шампиони, Борусија Дортмунд ја започна студената војна преку медиумите. Тие во својот музеј го изложија дресот на Оле Гунар Солскајер, кој го постигна погодок за Манчестер Јунајтед во финалето против Баерн Минхен на Ноу Камп во 1999 година.

“Баварците“ од тогаш наваму имаат играно три финални пресметки во Лигата на Шампиони и имаат победедно само една, во 2001 година против Валенсија на пенали.

Минатата сезона на домашен терен Баерн Минхен претрпе пораз од Челси на пенали, а во 2009 година во финалето на “Бернабе“, Интер со 2-0 го совлада германскиот гигант.

Борусија Дортмунд има играно едно финале и тоа во 1996 година кога со 3-1 го “преслуша“ италијанскиот првак Јувентус.

Мх.П.