Мини-депонија на булеварот „Туристичка“ на простор кој е во приватна сопственост, веќе подолг временски период го нагрдува градот.

Оние кои секојдневно поминуваат покрај оваа фрекфентна улица непосредно пред централното градско подрачје, велат дека со години отпадоците се таложат на оваа локација.

Инаку, општинскиот инспекторат во соработка со Секторот за комунален развој и сообраќај и ЈП „Охридски комуналец“, започнаа акција за расчистување на дивите депонии што се наоѓаат покрај сообраќајниците.

Во текот на вчерашниот ден, беа исчистени депониите што се протегаат на  патот од село Орман до село Лакочереј.

O.T.