Млада лисица деновиве е забележана во кругот на охридската општа болница. Читателка на OhridNews ги направила овие фотографии деновиве.
Поради близината на планината и полињата во околината, лисиците често се спуштаат во градската средина, велат локалните жители. Додаваат дека не е реткост да се забележи лисица во овој дел од Охрид.
Недостигот на храна и заземањето на природата од страна на човекот се причини поради кои дивите животни се почесто можат да се забележат во урбаните средини. Некои од нив се преносители на опасни заразни болести, поради што луѓето треба да бидат исклучително внимателни.
OhridNews