Сушата зазема загрижувачки размери. Поради слабиот прилив на вода и невообичаено сушната есен нивото на Охридското Езеро се спушти под природниот минимум кој изнесува 693, 17 метри надморска височина. Дел од мостот пред некогашниот хотел Палас е на суво, а од езерото никнуваат островца.

Научниците од Хидробиолошкиот завод укажуваат дека огранизмите во Охридското Езеро се прилагодливи на природни осцилации, но дополнителните осцилации предизвикани од искористувањето на езерската вода за производство на електрична енергија негативно  се одразуваат на целокупниот еко систем, но и на градежните објекти во крајбрежјето и фрескоживописот во црквите.
Г.М.