Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во рамки на официјалната посета на Македонија, вчера престојуваше во Охрид. Во друштво на владини министри тој беше на ручек во Св. Наум и уживаше во прошетката по Охридскот Езеро.
Субрата Рој е основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“ и се смета за еден од највлијателните луѓе во Индија.

Тој се сретне со премиерот Никола Груевски и членовите на владиниот економски тим, а посети и повеќе локации за кои бил заинтересиран да инвестира. Индискиот мултимилијардер голем интерес покажал за земјоделството, образованието и туризмот.

Богатството на Субатра се проценува на околу 65 милијарди долари.












