Мускетари, каубојци, принцези, пеперутки, бетмени- бројни познати  ликови од приказните го исполнаа центарот на градот по повод 1- ви април Денот на шегата.

На пригодната свеченост во организација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ на Малиот плоштад учествуваа најмладите од охридските детски градинки, на кои подоцна им се придружија и  ученици од речиси сите основни училишта во градот.

Со песна и игра тие го славеа Денот на шегата и уживаа во можноста барем еден ден да ја играат улогата на своите омилени ликови од цртаните филмови и приказните.

OhridNews