Патоказите кои изминативе години се поставија низ охридските улици, веќе подолг временски период се мета на вандали. Судејќи по изгледот, повеќето од нив се искршени и откорнати, а дел не ја вршат примарната функција за која се наменети. Така на пресекот на улицата „АСНОМ“ со „Партизанска“, некој си зел за право да го измести знакот кој упатува до црквата „Св. Никола“, која се наоѓа во непосредна близина на Факултетот за туризам и угостителство. Оваа невкусна шега, секојдневно ја гледаат граѓаните и туристите кои се движат во овој дел на градот.


На горе за кај „Св. Никола“

О.Т