Во убава атмосфера во салата „Билјанини извори“ во Охрид Каролина Гочева синоќа одржа концерт на кој го промовираше новиот албум.
Песните од новиот албум „Извор“ илјадната публика во Спортската сала „Билјанини извори“ ги пееше во еден глас со Гочева и нејзиниот одличен пратечки бенд составен од 10 музичари. Никола Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а стиховите за девет од нив ги напиша Весна Малинова.
Во вториот дел од концертот, кој беше во организација на ФЕЕЛ Продукција, Каролина се претстави и со неколку нумери од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, кои исто така беа одлично прифатени од публиката.
На концерт во Охрид Каролина Гочева го промовираше новиот албум
















