Во Лeшани, охридско, вчера се празнуваше празникот Сите светтии, во народот познат како „Сисвети“. По тој повод се постави осветениот крст на новата црква посветена на Пресвета Богородица, која започна да се гради на овој ден пред една година. Верниците се надеваат дека следната година таа ќе биде завршена, ќе се освети и ќе почне со редовна служба. Празничната атмосфера беше надополнета со богата културно – забавна програма, а неизбежен декор беше и традиционалниоти панаѓур.
Одбележан празникот Сисвети во Лешани
фото: Емилио