Ветераните на Водици денеска ја продолжија традицијата на охридските рибари кои со капење во студените води на овој ден го означувале крајот на забраната за риболов на Охридското Езеро. Годинава во езерските води беа фрлени девет буриња со вино, а Иван Тасески беше најсреќен и доплива до единственото буре со бело вино, кое му донесе дополнителна награда од 10000 денари, што ја обезбедија кумовите на Водици, браќата Јован и Климе Лотески, a претседателот на здружението „Богојавление“, Љупчо Арнаудов му подари златник со ликот на Св. Јован Крстител.

Манифестацијата на која се пиеше вино и греана ракија и се јадеше плашица и рибна чорба, годинава беше збогатена со изложба на риболовен алат со кој се ловело на Охридското Езеро од античко време до денес.


OhridNews
фото:Кирил Јорданоски