Откако граѓаните преку OhridNews реагираа за опасната дупка кај кружниот тек во „Горна Влашка Мала“, во текот на вчерашниот ден надлежните служби интервенираа на овој потег.
Инаку, изминативе неколку седмици оваа владбнатинка претставуваше опасност за возачите, кои стравуваа од пропаѓање на дел од коловозот како што беше случајот од пред неколку години, кога голема дупка се појави на крстосницата кај поранешен „Макси Д“.
O.T.