Со свечена приредба, што синоќа се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, започна одбележувањето на патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска. Најмладите охриѓанчиња со својата креативност го воодушевија преполното гледалиште кое уживаше во претставата. Свеченостите по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, продолжуваат денеска кога во употреба ќе пуштата новите простории на градинката.
фото: ЕМИЛИО