Најмладите од охридските градинки и училишта, денес, традиционално го прославија 1-ви април, Денот на шегата. По улиците и чаршијата можеа да се забележат бројни пеперутки, пчелички, цвеќиња, како и бетмени, лавови, мускетари, спајдермени….насекаде весело расположение, насмеани ликови, се славеше денот на шегата.
Централниот настан се одржа на градскиот плоштад каде најмладите охриѓанчиња се претставија со песнички и музичко ритмички точки.
OhridNews






















