Пластични кеси, пакети и вреќи со ѓубре во текот на вчерашниот ден беа исфрлени на улицата „Богомилска“, на кракот кој води кон булевар „Туристичка“.
Охриѓани кои живеат во овој дел од градот сведочат дека на ова место секојдневно се исфрлаат купишта ѓубре. Тие апелираат до несовесните граѓани да ја подобрат својата еколошка свест и побараа од надлежните да преземат мерки за надминување на овој проблем.
OhridNews