Лето е, се бара паркинг место повеќе во центарот на Охрид, каде и се наплаќа. Охрид одамна има потреба од решение кое ќе го растовари центарот на градот и ќе овозможи поголем број на места за паркирање. Можеби доколку градот еднаш реши конечно да донесе сообраќајна студија многу работи ќе се решат, вака гужвите остануваат составен дел од туристичката понуда на Охрид. Па така за паркинг освен стандардните обележани локации се користат и вообичаено забранетите зони, двете страни од коловозот кај кружниот тек во центарот, но и пристапот до езерото кај градското пристаниште и споменикот „Фаќач на крст“.


Не е важно каде, само да се паркира

OhridNews