Уникатните убавини и недопрената природа што ги нуди планината Галичица, оставаат многу луѓе без зборови. Ретко кој има можност, токму во овој дел годината да се запознае со прекрасната глетка која ја нуди нашата „убавица“.

Членовите на спортско планинарскиот клуб „Магаро“,вчера изведоа тура по планината Галичица, а објективот на нашиот сограѓанин Миле Илоски, ги овековечи овие несекојдневни моменти.

Инаку, СПК „Магаро“ заедно со Алпинистичкиот клуб „Патагонија“, се отворени за соработка со вљубениците во планините.

О.Т.