Традиционално, кај црквата посветена на Голема Богородица, во охридското село Скребатно, денес се оддржа големиот црковно народен собир, на кој присуствуваа неколку илјади верници.
Верниците, меѓу кои беше и претседателот Ѓорѓе Иванов со семејството, имаа можност да вкусат од традиционалната манџа специјално приготвена за овој празник, за чии потреби секоја година се подготвуваат над два тони јагнешко месо. Како што налага традицијата долга 300 години, се изврши и наддавање на бајракот.
Црквата Успение на пресвета Богородица целосно е возобновена пред девет години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.
OhridNews
фото:Зоран Папазоски





















