Непознат предмет кој наликува на снопче динамит беше забележан вчера попладне во водите на Охридското Езеро, во непосредна близина на старото пристаниште, пред хотелот Палас.

Ѓраѓаните кои случајно минуваа тука не беа исплашени и коментираа дека можеби се работи за динамит кој датира од светските војни или се работи за остатоци од забранет риболов со динамит во езерото.

Искусните нуркачи кои учествуваат во акциите за чистење на Охридското Езеро од неексполодирани убојни средства велат дека непознатиот предмет не е динамит, туку остаток од веќе испукан огномет.

Инаку многу често при јавни настани и приватни забави се организираат огномети токму на брегот на Охридското Езеро.

OhridNews