На булеварот „Туристичка“ со улица „Бистрица“ никна нов кружен тек. Куп снег по расчистувањето на коловозот деновиве, остана на средина од раскрсницата, околу кој се одвива сообраќајот.

Инаку на ова место предвидено е да се гради еден од вкупно петте најавени кружни текови на булеварот „Туристичка“. Покрај на пресекот со улица „Бистрица“, кружни текови на булеварот „Туристичка“ ќе се градат и на пресекот со Абас Емин”, “Македонски просветители”, “Јане Сандански” и “Стив Наумов”.

„Сметаме дека како главна артерија на градот Охрид по која што поминуваат најголем дел од туристите и влегуваат или излегуваат од градот булеварот “Туристичка” треба да добие современ изглед. Тоа е сепак скап проект. Ние не очекуваме дека цела “Туристичка” ќе ја реконструираме за една или две или три години, со оглед на тоа што се работи за голема инвестиција, но кажав дека со сигурност ќе ги изградиме петте кружни текови и дека ќе почнеме да рекоструираме дел од пешачките и велосипедските патеки на “Туристичка” онака како што ќе ни се понуди во идејното решение.“-изјави во новогодишното интервју за OhridNews градоначалникот Никола Бакрачески.

OhridNews