На дел од плажите издадени под концесија кои не работат по завршувањето на сезоната, може да се забележи расфрлано ѓубре.


Непосредно до езерото има големи количини пластични шишиња, најлонски кеси, картонски кутии и друг отпад, кој тука го оставиле несовесни посетители.

Инаку, оваа грда слика, не е невообичаена за плажите во охридско, во овој период од годината. Проблемот со одржување на крајбрежјето особено вон туристичката сезона е актуелен долги години, и е предмет на меѓусебни обвинувања на локалната и централната власт. За жал добар дел од овој, често и неразградлив отпад, под влијание на природни процеси завршува во езерото.

O.T.