Угостителската понуда во Охрид од денеска е побогата со реновираниот и супер модерно уредениот  ресторан „Станица“ на добро познатата локација на крстосницата помеѓу улица „Железничка“ и „Егејска“.

Ресторанот „Станица“ сега има нов амбиент и нов менаџерски тим со амбициозни планови. Ентериерот е внимателно осмислен и уреден, услугата првокласна, а менито е креирано да одговори на потребите на љубителите на добрата храна.

Утрата во „Станица“ започнуваат со добра чорба, омлет или некоја од бројните варијанти на доручек. За ручек и вечера, пак, уживајте во извонредна пица или пастрмајлија печени во фурна, ребро во фурна, национални специјалитети и готвени јадења, кои можете да ги нарачате и за дома, по исклучително достапни цени.

Новиот менаџерски тим има амбициозна визија. Просторот кој располага со сопствен паркинг, наскоро ќе добие уреден двор со тераса, уште едно внатрешно катче со сепареа и интимна атмосфера, а во подготовка е и сала за веселби која ќе работи во склоп на комплексот „Станица“.

Менито на ресторан „Станица“ ќе се менува од сезона во сезона, а ќе биде адаптирано и кон потребите на туристите, со верзии на повеќе јазици.

Новата „Станица“ од денеска е отворена за сите сладокусци.

Аирлија!

Г.М.
фото: А. Момироска